ПОЧИТ ЗА ЖРТВИТЕ НА НОЖОТ

Жешкото јулско сонце не спречи неколку десетина прилепчани да оддадат почит на паднатите 54 комити на каменестиот врв Ножот. Пред 104 години на 14 јули 1907 година, на вториот ден по Петровден, комитите легнале врз последните бомби и колективно заминале во смрт по долгата битка со турскиот аскер. Откако им снемало муниција, ја “напишале епопејата на Ножот”, битката на саможртвување. На славната херојска нерамноправна борба, комитите гинеле еден по еден, не отстапувајќи ни педа земја. Познати се имињата само на шестмина, од 77 загинати на Ножот.

Loading