АСФАЛТИРАНИ КРСТОСНИЦИ

Локалните власти ја подобруваат патната инфраструктура за побезбедно одвивањето на сообраќајот. Нови асфалтни платна се поставени на улиците и крстосниците, на “Гоце Делчев” со “Ристо Секирчанец”, кај Пожарната, кај “Чумовчанец”, кај мостот “Димо Наредникот” и кај ОУ “Кочо Рацин”. Нови асфалтни слоеви и рехабилитација ќе “доживеат” и улиците “Кузман Јосифоски”, “Сафка Манеска”, “Бошко Јанкоски”, “Јоска Јорданоски”, “Пелагонија” и “Кожув”. Ќе се покријат 14 000 квадратни метри за околу 10 милиони денари. Подобрена е и вертикалната сигнализација, семафорите на повеќе крстосници. Обележани се сообраќајниците со таканаречената хоризонтална сигнализација.

Loading