ХУМАНИТАРНА ЗАБАВА ЗА ПОМОШ НА ВИКТОР

Во кафетеријата Вирус

Огромен беше одзивот на младите на хуманитарната забава за помош на младиот Виктор Ацески (25) кој боледува од редок тип на карцином. Познати DJ изведувачи Mamlyoo, Dejan, Meto S. и групата The Hounds го дадоа придонесот во хуманитарната забава во средата во кафетеријата Вирус. Собраните средства од влезниците, кои чинеа 100 денари ќе бидат донирани за лекување на младиот сограѓанин за континуирано лекување со примање на лек кој е исклучително скап, односно 5500 евра, месечната терапија. Хуманоста ја покажа и градоначалникот Марјан Ристески со семејството, кои се секогаш на вистинското место кога треба да се помогне и спаси млад живот. Виктор Ацески по професија е доктор по општа медицина. Во годината 2010/2011, кога најмногу требаше да се радува на животот, се разболе од редок тип на карцином: Dg Extragonadalen retroperitonealen teratocarcinom–yolck sak. Лекарите од Клиниката при медицинскиот факултет во Скопје се откажаа од неговиот случај и го упатиле во друг клинички центар. Во најтешките моменти од животот помогнале неговите родители кои исто така се лекари. Во тешка клиничка слика бил прифатен од лекарите при Националниот Онколошки центар во Софија, Бугарија, каде биле извршени три операции и две хемотерапии. Виктор дополнително цела година прима лек – капсули Sunitinib (Сутент), лек кој е новина во третманот на ваков вид заболување. Тој непрекинато треба да го прима овој лек кој за него е од животно значење. Прилепчани викендов ја покажаа својата хуманост и со директно донирање на средства на пунктовите за помош на Плоштадот Методија Андонов Ченто и со купување на книгата Личен Став по цена од 100 денари од сталажата која носи наслов хуманитарна акција!

Сметки за помош

Секој кој сака да помогне може да донира и парични средства на т-ска е: 300027076506219 – Комерцијална Банка АД Скопје

Прилив од странство

Viktor Aceski, Borka Spirkoski 56 Prilep Macedonia

Acc.no:0230705288904

IBAN:MK07300307052889033

Komercijalna Banka AD Skopje

ul ,,Kej Dimitar Vlahov,, no 4, 1000, Skopje Macedonia

BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2XPRB

Може да се донира и со повик на бројот 070 143 177

Loading