МЕНТАЛНИ БОЛЕСТИ КОИ ГО НАРУШУВААТ НАЧИНОТ НА ИСХРАНАТА

АНОРЕКСИЈА И БУЛИМИЈА

Нарушување во начинот на исхраната се смета за една од најглавните ментални болести кои ги опфаќа младите, но почесто се јавува кај девојките во пубертетот. Повеќето од тинејџерите се изложени на медиумските влијанија за “совршени тела” и изглед. Затоа се обидуваат да загубат дел од тежината. Кога ваквата желба ќе стане неконтролирана и лицето станува опсесивно околу тоа што јаде и колку јаде, се јавува нарушување на начинот на исхраната. Многу млади луѓе не си го сакаат изгледот на своето тело. Се чувствуваат предебели и неатрактивни и тешко им е да се одвратат од овие мисли. Девојките кои страдаат од анорексија се многу слаби, но мислат дека се предебели и дека премногу јадат. Одбиваат да јадат и прескокнуваат оброци. Опседнати се околу тоа што јадат. Поради ваквите драстични нарушувања во начинот на исхраната, се јавуваат хормонални последици што доведува и до нарушување на менструалниот циклус. Девојките кои страдаат од булемија може да имаат нормална тежина или да имаат драматична промена во тежината. Тие често прескокнуваат оброци со цел да ослабат. Толку многу огладнуваат, што потоа јадат премногу, неможејќи да издржат. Кај нив се менуваат периодите на гладнување со периоди на лакомо јадење. Се чувствуваат виновни што јаделе премногу. Загрижени се за растот на телесната тежина што самите се поттикнуваат да ја повратат изедената храна или со употреба на лаксативи да се исфрли храната што е можно побргу. Сложени се причините за нарушувањето на стилот во исхраната. Постојат биолошки, психолошки и социјални фактори кои доведуваат добивање на анорексија и булимија. Во западните земји, медиумите порачуваат дека “идеалната” девојка е многу слаба. За да се вклопат во заедницата на младите, прават напори да го постигнат тој имиџ. Истовремено, дебелите луѓе со себе носат негативна конотација. На младите во пубертетот многу им е важно како изгледаат и колкава е нивната телесна тежина. Хормонални нарушувања или хормоналните промени предизвикуваат кај девојките да ги менуваат своите облини како дел од природниот феномен за женственост. Со тоа и треба да се очекува зголемување на телесната тежина. Некои се дебелат од внесување на преголеми количества нездрава храна, а малку се занимаваат со спорт. Други фактори кои може да предизвикаат нарушување во начинот на исхраната се конфликтите во семејството или на училиште. Со ваквите “испади” го свртуваат вниманието со желба да бидат сакани и почитувани. Чувствуваат дека имаат контрола врз своето тело и својот живот. Лицата со вакви нарушувања, главно, имаат лошо мислење за себе. Може да се наруши поради, на пример, прекинување односот со некого, смрт во семејството или на блиско лице, страв од одговорност што со себе носи полнолетството, забрани од родителите независно дали се развива како возрасно дете, неуспехот на училиште итн. Многу страдаат од депресија или други видови на анкзиозност. Во немоќ и незнаење да ги решат проблемите “насилно” јадат или воопшто не јадат.

Какви се знаците на нарушен начин на јадење?

Кај младото дете или девојче треба да се обрне внимание на следниве знаци – веруваат дека се дебели, иако изгледаат многу слаби; одбегнуваат да јадат со семејството или одат во тоалет веднаш после јадењето; јадат премногу храна, а не ставаат тежина – лицата со булимија ја повраќаат храната или употребуваат лаксативи; се преокупирани со јадење и диета; вежбаат премногу да изгубат тежина; јадат со сила, кријат јадење или јадат скришно; носат широки облеки да ги кријат своите тела.

Како може да им се помогне на младите со нарушен начин на јадење?

Најмалку им помагаат критичките забелешки или подбивноста за тежината. Родителите да дискутираат и да соработуваат со младите за тоа која храна најмногу ја сакаат да им се приготви. Младите се многу информирани за диетичноста на храната и знаат дека разновидноста на храната е многу битна за нивниот физички и психички развој. Битно е тие да сватат дека имаат контрола врз нивната одлука за тоа каква храна ќе јадат. Родителите помагаат и со уверување на младите да развијат позитивна слика за своето тело. Уверете ги дека има различни форми и големини на атрактивни, здрави и успешни луѓе. Поттикнете ги сами да откријат за тоа што сакаат и што ценат во себе. Одбегнувајте меѓусебни критики за изгледот, оти тоа не помога. Физичката промена во пубертетот е нормален дел од природниот феномен на премин од детство во полнолетство. Целото семејство да се вклучи на програма за губење тежина и подобро здравје, отколку да се раздвојуваат само младите со проблем со тежината. Охрабрете ги младите деца да ги искажуват чувствата и мислењета. Чувајте го домот со здрава и разновидна храна, како овошје и зеленчук и поттикнете го целото семејство да јаде здрава храна.

Физичките ефекти од анорексијата и булимијата може да се многу сериозни. Обично не се трајни доколку се лекуваат на време. Доколку не се лечат на време, лесно може да дојде до оштетување на бубрезите, добивање инфекции на уринарните канали и оштетување на цревата, дехидрација, констипација и дијарија, губење на свеста, згрчување на мускулите итн. Доаѓаат и емоционални и психички последици, како повлекување од активности каде има храна, осаменост и изолирање поради одбивање социјализација, страв од дознавање на проблемот, промена на расположението со емоционални набои или депресија итн. Доколку младото дете покажува знаци на нарушена исхрана, најдобро е да се разговара со лекар кој може да ве упати до соодветните служби за ментално здравје наменети за млади.

Душан Ристевски – терапевт и советник за ментално здравје од Сиднеј, Австралија

е-маил: [email protected]

Loading