ЗАБРЗАНО ДОТЕРУВАЊЕ НА УЧАСТАКОТ

Заводот и Музеј ја интензивира реконструкцијата на Меморијалниот музеј 11 Октомври, кој треба да биде готов до октомври. Зградата ќе претрпи целосна обнова, бидејќи не е инвестирано повеќе од 30 години. По дренажата ќе се реконструира покривот, и на крајот фасадата. Ќе се дотера и внатрешноста. Ќе се уредува музејската поставка според современи критериуми. Предвидено е посебно осветлување – вели Гордана Данилоска – Спироска, директор на Музејот. Градоначалникот Марјан Ристески најави поставување на споменик на Кузман Јосифоски – Питу. Участакот ќе биде отворен за 70 годишнината од вооруженото востание. Во реконструкцијата инвестиравме 3,3 милиони денари, заедно со Министерството за култура – вели Ристески.

Loading