СЕ ТОКМИ ПРОДАЖБА НА ДРЖАВНА ЗЕМЈА

Локалните власти ги засукаа ракавите да одговорат брзо на обврските со преземањето на надлежностите над градежно, неизграденото земјиште, што од први јули стана нивна ингеренција. Веќе се подготвуваат службеници за изведување на тендерите за продажба. Градоначалникот Марјан Ристески изјави дека луѓето кои објавуваат тендери на земјиштето треба да имат лиценци. Тие се обучуваат и до крајот на август ќе имаме доволно лиценцирани службеници. Со донесениот генерален план и со изработката на деталните урбанистички планови ќе се донесе и програма за градежното земјиште. Реално, во септември ќе бидеме комплетирани за прадажба на атрактивни локации за индивидуална и колективна градба, дел за јавни објекти, спортски објекти и стопанска градба. Постепено ќе се изработуваат детални урбанистички планови за проджба и барање на потенцијааните инвеститори – вели Ристески. Над 50 отсто или 400 хектари повеќе површина за бизнис, простор за индивидуална и станбена градба за домување, проширување на улици, капела на Старите гробишта, училишта…, е дел од проекциите на новиот генерален план.

Претстојат кадровски промени

После годишните одмори престојат кадровски освежувања во локалниот јавен сектор. Градоначалникот Марјан Ристески најави анализи по одморите да се утврди каде ќе биде потребно кадровско освежување. Анализите ќе се случат кон крајот на летото, а од први септември ќе има кадровски измени – рече Ристески.

Администрацијата во новата зграда

Локалната администрација и кабинетот на градоначалникот веќе се преселија во новите простории. Сите служби функционираат од новата градска куќа во центарот. Се очекува денеска да се вклучат и телефоните и интернет комуникациите.

Адемоски подари сончева заштита

Дознаваме дека стаклената зграда на локалната самоуправа веќе се заштити од сонце. За тоа се погрижи фирмата на нашиот сограѓанин Ајдован Адемоски, почесниот конзул на Турција во Македонија. Неговата компанија подари и монтира соодветни фолии за спречување на влегување на сончевите зраци во просториите. Со тоа канцелариите се постудени и посветли, едновремено се штеди енергија за ладење. Прилеп доби нова градска куќа по сто години.

Loading