СО ЦВЕЌЕ ОГРАБЕНА ПЕНЗИОНЕРКА

На прилепска пензионерка и биле украдени 800 евра сред бел ден во сопствената куќа на улица “Златибор”. Разбојникот украл и златен накит и рачен часовник. Полицијата трага по разбојникот кој се заканувал со кујнски нож. Германската пензионерка Блага Х. (72) раскажува дека напаѓачот бил на средна возраст. Ме пречека пред куќа со букет цвеќе и ми побара вода. Влегов во кујната да му донесам, а тој ме нападна. Потоа стави црна маска на лицето и ракавици. Ми бараше пари и накит. Зеде 800 евра и накитот што го имав на мене. Ми го остави прстенот од покојниот сопруг. Ми ги врза рацете со крпа и ми ја залепи устата. Додека се случуваше нападот во дворот беше комшијата, ама не слушна ништо. Зеде нож од кујната, ми се закани и излезе. Успеав да ја заклучам вратата од кујната, оти мислев ќе се врати, а тој побегнал. Го отворив прозорецот и викнав. Комшијата ја повика полицијата. Другите комшии виделе некој човек како бега и фрла предмет на земја – рече Блага. Таа во куќата живее пет години и вели дека првпат имала непријатно искуство. Полицијата трага по разбојникот.

Loading