ФАЛСИФИКУВАЛЕ ДЕЛОВНИ КНИГИ

Прилепчаните Ф.М. (23) и Н.М. (52) се осомничени од полицијата дека фалсификувале или уништувале деловни книги со цел да прикажат дека имаат лиценца за давање услуги за превоз на патници во странство информираат од МВР. Сопствениците на фирмата “Аџи Невзат” на почетокот од 2011 година без да имаат лиценца за слободен меѓународен превоз на патници, потпишале договори за транспорт со повеќе овластени туристички агенции, да им вршат превоз на патници на релација Прилеп – Виена. Преку оваа линија се превезувале и лица кои барале азил во странските држави – велат од МВР. Двајцата биле откриени, откако полицијата добила сознанија од лицата што бараат азил и била извршена проверка на документацијата.

Loading