ПАРТИСКИ ХУМАНИТАРЦИ

Месниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ Рид 2 сложно, небаре едно семејство, е преокупиран со хуманитарни активности. Живи дискусии се водат за предлози за помош на загрозени семејства, на кои поддршката и помошта ќе им претставува олеснување. Поголем дел од членството несебично донира за социјално нестабилни семејства без разлика на верата или националноста. Сите даруваат според своите можности, без разлика дали се тоа пари или други предмети, нови алишта, обувки и слично. Акците најчесто содржат храна. Ако е потребна поголема помош, се бара и спонзор да излезе во пресрет. риентација се социјално загрозени семејства. Организиравме акција за малата Христина, која боледува од церебрална парализа. Посетата и подароците, а и покажаната грижа и разбирање за нивната мака, го израдуваа семејството – вели претседателот Славица Спиркоска. Помош од МК Рид 2 доби и семејството што живее кај селото Селце. Со донациите за велигденските празници им се развесели семејната сиромашна атмосфера. Тука не завршуваат иницијативите. По едно, следува друго загрозено семејство, па трето….

Loading