ОД РОДНИНА, БАРАЛ ЛИХВА

ОД РОДНИНА, БАРАЛ ЛИХВА

Прилепчанец е осомничен за лихварство, оти на негов роднина, на кој му позајмил пари со камата, му барал лихва, информираат од МВР. З.А. пред три години усмено се договорил со Т.К. да му даде на заем 1800 евра. За возврат Т.К требало да плати камата од десет насто. На неколку наврати Т.К. му ги враќал парите на З.А, кој незадоволен му побарал уште 35 илјади евра. Во април годинава Т.К добил и закани по телефон. Му се јавило непознато лице, му се заканило по неговиот живот и на семејството и му побарало уште 4000 евра. Во мај годинава непознати лица фрлиле заппалива течност во гаражата на Т.К – велат од МВР. Полицијата го расветлила случајот и против З.А. поднесла кривична пријава за лихаврство.

Loading