ПРИЛЕПЧАНЕЦ И КАВАДАРЧАНЕЦ ОШТЕТИЛЕ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ

Прилепчанец и кавадарчанец со лажни податоци оштетиле државни иснтитуции и два мобилни оператори за 777 илјади денари, информираат од МВР. Т.Ѓ. (57), како основач и управител на фирмата “2006 ТМ Пормет – Прилеп”, иако знаел дека фирмата има блокирано жиро сметка и е непсособна за плаќање во март 2010 година, се договорил со А.А (32) од Кавадарци во Централниот регистар да извршат промена на податоците, односно да постават друго лице за основач и управител. За управител поставиле лице чии податоци А.А. ги фалсификувал од лице, кое претходно ја загубило личната карта. А.А. ја употребил лажната лична карта и отворил трансакциска сметка на фирмата – велат од МВР. Со ваквите малверзации прилепчанецот и кавадарчанецот за сума од 777. 185 денари ги оштетиле Фондот за ПИОМ, Фондот за здравство, Општина Долнени, како и мобилните оператори ОНЕ и Т Мобиле.

Loading