МЕСТО НА РАБОТНИЦИТЕ, ПАРИТЕ В ЏЕБ

Полиција го сомничи К.Д. (61) од Прилеп за оштетување на буџетот за 611 илјади денари. Според МВР, како управител на фирмата Бета Монт, тој во 2009 година склучил договори со Агенцијата за вработување за субвенционирано вработување на седум лица. Наместо со парите да им исплати плати и придонеси на работниците за шест месеци, го оштетил државниот буџет со присвојување на околу 611 илјади денари. Полицијата му поднесла пријава за злоупотреба на службената должност.

Loading