НАШ ДОКТОР ИСТРАЖУВА НАНО-ТЕХНОЛОГИЈА ВО МИНХЕН

Данче Спиркоска – Јованов, млад научник во Минхен, Германија

НАШ ДОКТОР ИСТРАЖУВА НАНО-ТЕХНОЛОГИЈА ВО МИНХЕН

Фах í се полуспороводниците, нано-технологијата

Триесетгодишната прилепчанка Данче Спиркоска – Јованов е млад научник, физичар. Веќе шест години живее и работи во Минхен, Германија, заедно со сопругот, радовишанецот Васе Јованов. Порано постдипломец и докторант, а сега како доктор, научник на Институтот за физика на техничкиот универзитет, преокупирана е со истражувањ на полуспроводниците, односно нано-технологијата. Со научните погледи и инвеции, ги анимирала искусните стручнаци да í дадат доверба и да ја вклучат во една од истражувачките екипи, иако е млад научник. Данче добила награда во Рио де Жанеиро, Бразил за најдобар млад научник за полуспроводниците, како учесник на интернационалната конференција. Работам на истражувања со галиум арсенид, наножици, на испитување на полуспроводници во мали димензии. Чест е да се биде дел од истржувачкиот тим, каде сум на постдокторски студии – раскажува Данче. Откритијата се презентираат во научни трудови. Засега резулатите немаат практична примена. Сé е концентирано на науката во институтот од интернационален карактер со докторанти и истражувачи од многу земји. Со сопругот сме единствени Македонци, добро прифатени, од кои се бара само квалитет – објаснува Спиркоска – Јованов. Државниот институт засега нема контакти со македонскиот институт за физика. Предизвик е нано технологијата и за сопругот Васе. Во сосем различни сфери сме. Истражувам во нано технологија, односно оптика, квантни точки. Во Македонија треба да се посвети повеќе внимание на истражувањата, оти имаме солидно образование, потврдено во Европа – вели Васе Јованов. Им се допаѓа Минхен. Животот е мирен, иако е голем град. Оние кои знаат дека сме од Македонија, прашуваат за нашата земја. Горди на тоа што сме Македонци, раскажуваме за убавините на татковината, ја пренесуваме нашата култура, историја, традиција – велат двајцата.

Loading