СПОРТСКА САЛА ВО ,,ЃОРЧЕ ПЕТРОВ,,

Околу илјада ученици од СОУ ,,Ѓорче Петров,, добија модерна спортска сала. На простор од 650 квадрати мнетри учениците ќе можат да играат кошарка, одбојка и други спортови. Салата е опремена со реквизити. Вложени со 24 милиони денари. Во погодните услови ќе можеме да постигнуваме поголеми резултати на спортски план – вели директорот Дејан Димоски. Нови спортски терени добиаа и гимназијата ,,Мирче Ацев,, и СОУ ,,Кузман Јосифоски – Питу,,. А во ОУ „Кире Гаврилоски„ се заменува дограмата. Проектот е финансиран од ИПА фондовите на ЕУ. Проектот е околу 400 илјади евра, вклучувајќи го реновирањето на седум училишта, од кои три средни и четири основни. Досега се завршени работите во Гимназијата, во СОУ „Орде Чопела” и СОУ „Ѓорче Петров”. Тековно се работи во ОУ „Рампо Левката” и ОУ „Кире Гаврилоски”, а потоа се продолжува во ОУ „Страшо Пинџур” во Мало Коњари, па во Тополчани, Големо Коњари, Кадино Село и Старо Лагово.

Loading