РИСТЕСКИ ОСТАНУВА ГРАДОНАЧАЛНИК

Градоначалникот Марјан Ристески се откажува од пратеничкиот мандат. Иако тој доби доволен број гласови на предвремените парламентарни избори кои му обезбедија пратеничка фотелја, тој сепак реши да остане прв човек на градот. Ристески, и во иднина, посветено и одговорно ќе ги извршува градоначалничките задачи, борејќи се за подобар живот за прилепчани, постојано подобрувајќи ја ифраструктурата. На местото на Марјан Ристески, од Прилеп, покрај Димитар Стевананџија, во собранискиот дом ќе замине Ане Лашкоска која до сега ја извршуваше функцијата шеф на кабинет на градоначалникот. Ниту еден од седумте градоначалници кои добија столче во парламентот нема да бидат пратеници или владини функционери. Конститутивната седница се очекува кон крајот на јуни.

Loading