ДОМАЌИНИ НА КАРНЕВАЛЏИИТЕ

Догодина Прилеп ќе биде домаќин на 32 Конвенција на Карневалски Градови. Знамето на ФЕЦЦ и сега Прилеп е престолнина на Европа за карневалските градови. Се подготвува концепцијата и организацијата на Конвенција на која ќе присуствуваат над 200 делегати. А пред исто толкав број делегати од 22 земји, Прилеп успешно се претстави на Конвенцијата во Врњачка Бања која се одржа на почетокот на јуни. Со прикажување на филм за убавините на Македонија, филм за градот со карневалската традиционална маска. Воодушевување предизвикале прилепските мечкарите и танцовото студио Зодијак. Бил поделен рекламен материјал за градот на секој присутен, а се поставила трпеза со традиционални јадења и македонски вина. Прилеп како иден домаќин и организатор, во Врњачка Бања имаше обврска да ја претстави својата држава, својот град, да го претстави карневалот, капацитетите со кои располага, како и да понуди драфт програма за 32 Конвенција во 2012 година – вели Снежана Ристеска советник за култура. Претседателот на ФЕЦЦ, Хенри Ван Дер Крон истакнал дека настапот ќе остане видно забележан во историјата на ФЕЦЦ.

Loading