ИВАНОВ ВО ЕУРОКОМПОЗИТ

Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, во улога на врховен командант на оружените сили, вчера ги посети воените погони на наменската фабрика во државна сопственост Еурокомпозит. Посетата на претседателот на прилепскиот загубар од наменската индустрија била во рамките на напорите за надминување на неповолната состојба. Заедно со воените соработници, Иванов разговарал со менаџментот за неговиот придонес во анимирање на воените аташеа и промоција на производствената програма при контактите со колегите од други земји. Според директорот на Еурокомпозит Никола Лучески, шефот на државата покажал готовност да поттикни продлабочување на соработката на воената фабрика од Прилеп со Министерствата за одбрана и за внатрешни работи.

Loading