ТУТУНОТ НА 4500 ХЕКТАРИ

Пред интензивирањето на расадувањето на тутунот, ПЕ на Министерството за земјоделство проценува дека годинава се одгледува оваа традиционална култура на околу 4500 хектари. Заедно со регионите на Долнени, Кривогаштани и Крушево на 8500 хектари. ПЕ издаде 15 илјади бели картони. Министерството потврдува дека откупувачите ги намалиле количините за откуп. Тутунарите очекуваат помал род од ланскиот за околу 30 отсто, поради ниските цени лани и пад на производството на околу 11 илјади тони. Лани бербата тежеше околу 15 илјади тони. Тутунска банка продолжува со исплата на субвенциите за тутун за ланската реколта од 60 денари за килограм. Околу десет илјади семејства на тутунари подигнуваат околу 15 милиони евра.

Loading