СТАВРЕСКИ ПОДЕЛИ ТАПИИ

Тргна легализацијата на дивоградбите

Околу педесетина сограѓани добија решенија за легализација на дивоизградените објекти од рацете на министерот за финансии Зоран Ставревски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Ставревски изјави дека граѓаните отсега ќе располагаат со сопственоста. Со легализацијата, имотот добива многу повисока вредност. Може да се заложи за кредит, да се продава поскапо или да се пренесува на наследниците – рече Ставревски. Се носам со идеја да земам кредит и да им помогнам на децата да тргнат во бизнис води, оти се невработени. Досега не ја озаконив куќата, оти беше прескапо и невозможно добивањето тапија – рече еден од граѓаните кои добија тапии. Во Прилеп има околу пет илјади дивоизградени индивидуални објекти.

Loading