ТЕМЕЛ ЗА ДЕЛОВЕН ЦЕНТАР СО КАТНА ГАРАЖА

Нов објект од 15 илјади метри квадратни за деловно трговски центар со катна гаража почна да се гради кај градскиот пазар. Инвеститорот, Драган Василев од Струмица, изјави дека објектот ќе биде функционален до крајот на 2012 година. Дел ќе биде за катна гаража, дел за трговија, а дел канцелариски простор. Градбата ќе чини околу пет милиони евра – соопшти Василев. Првите лопати бетон во темелот со црковна церемонија ги ставија потпретседателот на Владата Зоран Ставревски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Василев лани ја стави во функција катната гаража кај автобуската станица.

Loading