АНГЛИЧАНИ ТРЕНИРАА НАШИ ПОЖАРНИКАРИ

Територијална противпожарна единица

Пожарникарите ја покажаа подготвеноста, освен да интервенираат при пожари, да се справат со технички интервенции и да дејствуваат при спасување на луѓе во сообраќајни несреќи. Демонстрираа ефекти од двонеделната обука, одржана од пожарникарите од Манчестер, Англија. Со новите техники на Англичаните, подготвени сме за спасување на луѓе од сообраќајни несреќи. Стекнавме знаења безбедно и правилно да извлекуваме повредени. Инструкторите од НВО “Операција Флоријан” подарија хидраулични ножици и клип за извлекување, вредни 10 илјади евра – вели Станко Колески, командир во ТППЕ. Англиските пожарникари оценуваат дека колегите се добро обучени за секаков вид интервенции. Колегите добро се снајдоа при обуката. Трениравме спасување на жртва при пожар или сообраќајка и давање медицинска помош. Искусни се, а со обуката стануваат попрофесионални. Опремата ќе им користи за поуспешни интервенции – рече Дејв Симпсон од Манчестер. Инаку, ТППЕ е на штрек за справување со пожари. Условите за пожари се минимални. Организирани и подготвени сме – посочува Колески.

Рака на беспомошни

Од англиските пожарникари добивме нови сознанија за ефикасни интервенции. Покрај брзина при гаснење пожари, можеме да спасуваме од длабочини и сообраќајки. Хуманисти сме, пред сé, на кои им се крева адреналинот кога се спасуваат беспомошни, погодени од пламени стихии, невремиња и други непогоди. Станав пожарникар пред 18 години, оти сакав да им помагам на луѓето во неволја, на они кои во нас гледаат рака на спас за живот – вели Јосе Јорданоски, заменик раководител на смена.