ЌЕ СЕ ГРАДИ ПАРТ СИМОНЕ ФИЛИПИНИ

Холандски парк со името на амбасадорката Симоне Филипини ќе се гради во населбата “Димо Наредникот”. Ова го најави градоначалникот Марјан Ристески, кој заедно со амбасадорката Филипини насадија дрво на пријателството на местото каде ќе никне новиот парк. Холандската амбасада изрази желба да изгради парк, а ние ќе го крстиме со името на амбасадорката Филипини – рече Ристески.Филипини ќе помогне во уредувањето и дизајнирањето. Паркот најверојатно ќе биде единствен во светот со нејзино име, кој ќе ги има сите холандски обележја. Неодамна табла со името на американскиот амбасадор Филип Рикер беше поставена во паркот кај судот

Loading