ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО 670 МИЛИОНИ ЕВРА

Промоција на програмата на ВМРО-ДПМНЕ

Коалицијата “За Подобра Македонија”, предводена од ВМРО – ДПМНЕ ја промовира изборната програма и кандидатите за пратеници во четвртата ИЕ во ЦК “Марко Цепенков”. Носителот Зоран Ставревски вети вложувања на 670 милиони евра субвенции во земјоделството. Ставревски е категоричен за намалување на даноците. Ќе го укиниме данокот за малите фирми. Го намалуваме ДДВ за туризмот од 18 на 5 отсто да се стимулира развојот, ќе ги укиниме царините во земјоделието, преработувачката и другите индустрии – рече Ставревски. Градоначалникот Марјан Ристески, кој е на второто место на листата на кандидати за пратеници, најави доизградба на третата лента на Плетвар, слободната индустриска зона и нов театар. На промоцијата беа претставени кандидатите за пратеници Димитар Стевананџија, Ане Лашкоска и Панче Дамески. Партијата ќе има митинг во Прилеп на 28 мај.

Ане Лашкоска: Повисоки плати и пензии

Кандидатот за пратеник на ВМРО – ДПМНЕ Ане Лашкоска најави зголемување на пензиите за 24 отсто и на платите во државната администрација.

Loading