ЗАЕВ: 11:7 ЗА СДСМ ВО ЧЕТВОРКАТА

Потпретседателот на СДСМ Зоран Заев, носител на кандидатската листа на СДСМ во ИЕ 4 во прилепско, кавадарскиот и струмичкиот регион на стартот на изборната кампања прогнозираше дека 7 пратеници ќе има ВМРО-ДПМНЕ, 11 ќе се од СДСМ, а по еден ќе имаат ВМРО-НП и Љубе Бошковски. Тој рече деја Прилеп има само еден кандидат, оти ќе игра во извршната власт. Го повика колегата, градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, кој е на второто место на листата на ВМРО – ДПМНЕ, да се изјасни дали ќе остане градоначалник или ќе биде пратеник, како што тој објавил дека ќе биде дел од тимот на идниот премиер Радмила Шеќеринска. Ристески одговори дека Заев е секогаш во губитничкиот тим. Најголемата одговорност чувствувам кон граѓаните. Со нив ќе одлучувам дали ќе останам на градоначалничка позиција, ќе бидам во парламентот или во извршната власт. По изборите ќе бидам во победничкиот тим со сегашниот и иден премиер Никола Груевски да ја реализираме програмата со посебен дел за Прилеп – одговори прилепскиот градоначалник Марјан Ристески. За прашањето за името, Заев рече дека и тоа е вградено во програмата. Со тоа што го ставивме на конкретен начин во програмата ова прашање, сакавме да го отргнеме од темата на овие избори. Нема родено политичар во Македонија кој е подготвен да го промени Уставот, поради промена на уставното име. Во нашата програма вградивме референдум. На крајот, да, го прифативме решението како ВМРО-ДПМНЕ, поради тоа што дефинитивно ова прашање е крупно, важно, за сите граѓани – потенцира Зоран Заев. СДСМ ќе митингува на 1 јуни.

Loading