СТАВРЕСКИ ВЕЧЕРАШЕ СО БИЗНИС – СЕКТОРОТ

Потпретседателот на Владата Зоран Ставрески имаше деловна вечера со стотина прилепски бизнисмени, членки на регионалната стопанска комора. Ги образложи детално новините што ќе ги реализира Владата, доколку ВМРО – ДПМНЕ пак ја освои власта. Помалите компании побараа државни гаранции за големи извозни зделки, бидејќи не располагаат со капитал за залог за реализациите на зделките. Од Микросам рекоа дека се повлекле од голем бизнис од 20 милиони евра, оти не нашле банка за гарант. Ставрески објасни дека постои новина за издавање на големи гаранции за мали фирми преку Македонската банка за поддршка на развојот. Дознаваме дека и носителот на една од листите на СДСМ, Радмила Шеќеринска, ќе има средба со бизнисмените.

Loading