НОВ АСФАЛТ НА ПАТОТ ЗА ГАЛИЧАНИ

Нов слој асфалт е поставен на патот за Галичани. Овој зафат е направен со цел да се подобрат условите за одвивање на сообраќај кон ова населено место, но и за условите за живот на граѓаните. Локалната самоуправа за асфалтирањето на 600 метри одвои 1, 7 милиони денари. Од општината велат ќе продолжат со асфалтирање и на други патни правци и подобрување на инфраструктурата до населените места.

Loading