Локалната самопуправа продолжи со реновирање на фасадите во центарот. Се менува физионимијата на зградата спроти пензионерскиот објект. Досега се фасадирани десет згради, кои добијаа нов лик. Градот добива современ и урбан изглед, а иницијативата била прифатена од бизнис секторот. Бизнисмените во договор со советите на зградите добивале простор за реклама.. Претседателот на Советот Димитар Стевананџија посочува дека се подобрува изгледот на градот.