МИКРОСАМ СТАВИ ТЕМЕЛ ЗА ИНСТИТУТ ЗА СОВРЕМЕНИ КОМПОЗИТИ И РОБОТИКА

Фирмата за висока технологија Микросам стави темел на објект на приватната научна установа, Институт за современи композити и роботика. Со тоа малата компанија со светски глас се впушта во научно истажувачката област на современите технологии. Првите лопати бетон во темелот ги фрлија претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, заедно со сопственикот Благоја Самакоски. Институтот ќе ја развива науката во современите композити и роботиката. Со условите во новиот објект ќе се подобри амбиентот за реализација и раст на истражувачките проекти во првиот институт на Балканот од ваков вид, основан во 2009 годин. Зградата, која ќе никне за неколку месеци, ќе зафаќа илјада метри квадратни, од кои дел за лабораторија со современа опрема и дел за изведување настава и за истражувања. Магистрантите, докторантите и професорите веќе објавуваат трудови на меѓународни конференции и специјализирани публикации во Италија, Романија, Англија, Америка, Чешка и Словачка. Инстутутот располага со акредитации за постдипломски и докторски студии врз концептот на Болоњската конвеција и македонските стандарди со двајца редовни и тројца вонредни професори и тројца помлади истражувачи. Микросам ги има сите карактеристики да биде технолошка врела точка на развојот на Македонија во областа на високата технологија, композитните материјали и роботиката – рече сопственикот Благоја Самакоски.

Loading