ТУРКАНИЦИ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ТУТУНОТ

Исплатата на субвенциите за ланскиот род на тутунот предизвика турканици на тутунарите пред Тутунска банка. Евидентирани се околу 15 илјади семејства, кои лани произведоа над 13 илјади тони тутун. На тутунарите им се плаќаат по 60 денари за килограм предаден тутун, откако завршија контролите на државниот инспекторат за земјоделство. Државата ќе ги намали давачките за производство на тутун со субвенцијата од околу 13 милиони евра. Годинава се намалува производството на тутун за околу 30 отсто, поради тоа што деветте компании лани го потценија трудот, вложен во тутунот со ниски цени, а и годинава понудија понижувачки цени. Според стручнаците, годинава тутунарите ќе произведат нешто над десет илјади тони.

Loading