НОВИ НАСОКИ ВО СРЕДНИ УЧИЛИШТА

Техничар за компјутерско управување и техничар за патен сообраќај се двете нови насоки за идните средношколци, кои ќе може да ги изучуваат годинава во еден од петте училишни центри. Ги побаравме и ги добивме програмите за двата профила за во СОУ “Ристе Ристески – Ричко”. Останува в година да се овозможат услови за физиотерапевт и забен техничар во СОУ “Ѓорче Петров” – изјави Марјан Матракоски, советник за образование во локалната самоуправа. Изборот за полуматурантите се зголемил и сега на располагање се 12 профили.

Loading