ПОЛНОЛЕТНА ПАРЛАМЕНТАРНА ДЕМОКРАТИЈА

Во пресрет на вторите предвремени парламентарни избори кои најверојано ќе се одржат на 5 јуни, неделниот весник ЗЕНИТ потсетува на првите повеќепартски избори. Тие се одржаа во ноември 1990 година. Иако сега е променет изборниот модел, потсетуваме на кандидатите за пратеници за тогашните избори. Ги објавуваме листите на кандидати за избор на пратеници во Собранието за првите парламентарни избори кои се одржаа на 11 ноември пред 21 година, со потсетување на политичките партии кои тогаш беа на “политичкото небо” и бројот на изборните единици кои тогаш беа определени. Граѓаните немаа никакво искуство за изборната демократија, не им беше позната ниту улогата и функцијата на Парламентот и моќта на пратениците како членови на законодавниот дом. За многумина изборите беа непознатица,со која се учеше и печеше правото на глас. Годинава, се смени изборниот закон. Ќе гласа и дијаспората. Сé уште не се познати ниту коалициите, ниту слоганите на политичките кампањи. Иако до официјалниот почеток на изборната трка е многу рано, политичките субјекти, секој на своја страна, се обидува да дејствува за што поголемо освојување на симпатиите на граѓаните за добивање глас, доверба, кои би гарантирале добивање на глас за формирање на власт. Предвремените парламентарни избори ќе бидат потврда на демократијата која македонските граѓани ја “печеа” повеќе од две децении. А колку е научен “занаетот” за фер и демократските, мирни избори, ќе се знае на денот на гласањето.

Loading