ЗАЛИЧУВА “ КАРПАЛАК “

Се наѕира крајот на изградбата на споменичниот комплекс Карпалак. На дело се покажува изреката дека крајот го краси делото. Се исплати чекањето. Финишира втората фаза од проектот. Веќе е пуштен во сообраќај кружниот тек околу спомен – обележјето со фонтана за десетте загинати бранители. Продолжува уредувањето на околниот партер. Пред маркетот Тедико е планиран посебен простор за паркирање. Сиот тој простор ќе се поплочи. Низ него се предвидени пешачки патеки разубавени со многу цветни леи и канделабри за дополнување на амбиентот. За канделабрите и за паркинг рампите веќе се поставуваат подземните инсталации. А и за досега најзапоставените учесници во сообраќајот – велосипедистите се гради патека. Се разбира, меѓу сите тие убавини, редно е да се постават и клупи. Уморните да се починуваат, а љубопитните да можат да разгледуваат. Со новиот дизајн на центарот, градот ќе изгледа не само подмладен, туку и прероден.

Loading