ХАКЕРИ ГО УРНАА ЗЕНИТ НЕКОЛКУ ЧАСА

Хакери ја урнаа интернет страницата на Зенит во четвртокот претпладне. Тие го пробиле безбедносниот систем и поставиле непристојни содржини. Нашиот интернет администратор веднаш реагираше и пак ја врати страницата во полна содржина да биде на услуга на читателите. И порано имало обиди да се навлезе во страницата на интернет на Зенит. Но, заштитата ги одвраќала. Овојпат вештите хакери успеале да постават неколку часа фотографија каде гори македонското знаме. Според наши сознанија, хакерите се инспирирани од аполитичната и објективна уредувачка политика. Се обиделе да нé обесхрабрат во нашите настојувања за професионален и непристрасен третман во информирањето. Не би сакале да нагаѓаме со каква политичка или национална провениенција се хакерите, но од сликата која беше дел од нередите на еден фудбалски натпревар каде се запали македонскиот државен симбол, не е тешко да се насети и разбере. Сепак, не покажуваме со прст на некого, затоа што и сомнителните некогаш можат да бидат наместени. Како и да е, продолжете да го читате Зенит и во печатено и во интернет издание. Нашата страница е www.zenitprilep.com.mk

Loading