ВАРОСАНИ СТЕБЛА

Комуналците ги засучија ракавите да ги заштитат липите низ булеварот и останатите дрвореди со традиционалното варосување на стеблата. Третирањето со вар не се чини од естетски причини, туку од функционални, иако стеблата добиваат привлечен изглед. Од Комуналец велат дека нема да остане ниту едно градско стебло неваросано, зашто стручњаците оценуваат дека тоа е превенцијата од напади на инсекти. Со третманот се зголемува отпорноста на дрвјата и им се продолжува “животниот век”.

Loading