ТАБЛИ ЗА ДЕСЕТ, НАМЕСТО ЗА 50 ЕВРА

Во Болницата

Еурокомпозит произведе температурни табли за потребите на Болницата. Ова е прв производ во земјава од ваков тип, бидејќи досегашните се увезувале од странство за 50 евра, а домашните се купуваат за 10 евра. Министерството за здравство од странство ги набавувало температурните табли за следење на здравствената состојба на пациентите. Стручнаците од Еурокопозит ја усвоиле технологијата и веќе ставиле во функција неколку десетици за потребите на болницата, со веројатност да бидат понудени на целото македонско здравство за далеку пониски цени од увозните, а со квалитет рамен на странските. Идејата произлегла од менаџментот на болницата во намера да заштеди средства. Идејата била прифатена од Еурокомпозит, каде брзо била реализирана и претставува промоција на фирмата за уште еден производ.

Loading