ЏАМОВИ СО ЕВРОПСКИ ПАРИ

Нова дограма во ОУ “Рампо Левката”

Со 70 илјади евра, обезбедени од ИПА фондовите на ЕУ, се менува старата дограма во ОУ “Рампо Левката” како дел од проектот “Подобрување на условите за образование во основните и средните училишта во општина Прилеп”. Ќе се замени старата столарија со нова, современа, од ПВЦ материјал, со што ќе се обезбедат подобри услови. Едновремено, ќе се подобри енергетската ефикасност, односно ќе се обезбеди поголема заштеда на енергија за затоплување – вели Соња Блажеска, директор на ОУ “Рампо Левката”. Инвестицијата е следена со средства од ЕУ. За седум училишта со 10 училишни згради, ќе се вложат околу 400 илјади евра.

Loading