ЗА ВЕЛИГДЕН ВО НОВАТА ГРАДСКА КУЌА

Пред велигденските празници ќе биде свечено пуштена во употреба новата општинска зграда. При крај е уредувањето на ентериерот и корективните градежни зафати околу објектот кој порано беше офицерски дом. Во градската куќа ќе биде сместен градоначалникот со службите по најсовремени стандарди. Просториите се од отворен тип, администрацијата значително ќе ја подобри ефикасноста – рече градоначалникот Марјан Ристески. Новата општинска зграда се протега на околу три илјади метри квадратни, функционално искористени, за чија градба се вложени 1,5 милиони евра, државни и локални пари. Деновиве се очекува да се постави канцеларискиот мебел.

Loading