ЕКОНОМИЧНИ СВЕТИЛКИ ВО БОНЧЕЈЦА

Ново осветлување има на дел од улицата “Бидимаш” во населбата Бончејца. На пешачките патеки, околу колективните станбени објекти поставени се 14 метални канделабри со по две енергетски ефикасни светилки во должина од 280 метри. Инвестицијата е 600 илјади денари. Средствата се од буџетот на општината.

Loading