НОВ АСФАЛТ ВО НОВИТЕ ГРОБИШТА

Се фасадира капелата

Комуналец и локалната самоуправа пред велигденските празници во поголеми инвестиции на Новите градски гробишта. Се асфалтираат 2500 м2 на главната и споредните патеки. Претходно се тампонираа и се изведоа ободните канали да се соберат подземните и водите од ридот Песјобрдце. Инвестицијата е 1,5 милион денари. Зафатот најавен есеноска, не се реализира заради временските услови. Тој ќе овозможи подобар и посигурен пристап до гробните места. После ќе се облагороди просторот хортикултурно. Забрзано се фасадира градската капела, која се гради на површина од 1200 квадрати. Завршен е задниот дел и страничните ѕидови. Неделава комлетно ќе “светне” фасадата во капелата. Фирмата “Златна рака” поставува електрична инсталација и водоводна мрежа. По многу години, дојдоа поголеми вложувања и во гробиштата. Директорот на Комуналец Златко Ристески најавува капелата да биде готова до летниот период, кога ќе се работи платото и ќе се изведува ентериерот. Ќе се асфалтираат 2000 квадрати и во механичката работилница на Комуналец. Ќе се прави плато и боксови за селкција на отпад. Со овој зафат ја прошируваат дејноста во селекцијата на отпадот. Со тоа помали количества отпад ќе се транспортираат на депонијата Алинци.

Пролетни активности на Комуналец

Комуналците се ангажирани на изградба на паркот наспроти хотел Липа, поставуваат кружна естетска заштита на дрвјата по дрворедите, хортикултурно го уредуваат платото кај споменикот Карпалак,поставуваат плато од коцка на Старите гробишта, креваат еколошки острови и поставуваат нови контејнери за селекција и ја доуредуваат населбата Точила.

Loading