ШЕТАЛИШТЕ И ПАРКИНГ КРАЈ КАРПАЛАК

Партерно уредување пред Тедико

Интензивно се уредува просторот пред супермаркетот Тедико како дел од втората фаза во изградбата на споменичниот комплекс Карпалак. Откако беше пуштен за сообраќај кружниот тек, во чие средиште ќе се наоѓа споменичното обележја со фонтана за 10-те загинати прилепски бранители пред 10 години, продолжи уредувањето на партерот околу. Се подготвуваат тротоарите, а пред маркетот Тедико ќе има уреден плочник со пешачки патеки и определен паркинг простор. Се поставуваат подземните инсталации за сијалични места и паркинг рампи. Планирано е да има и велосипедска патека. Со финиширање на активностите, центарот ќе добие нов изглед.

Loading