ЗА ДВЕ ЕВРА ДИВОТО СЕ “ПРИПИТОМУВА”

“ Легализацијата ќе чини две евра, едно за озаконување и евро за документација. Процедурата е едноставна. Не бара многу документи, туку само фотокопија од лична карта, сметки за платени комуналии (електрична енергија, вода, ѓубре) и геодетски елаборат”. Ова го изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, објаснувајќи го на прилепчани законот за легализација на дивоградбите. Објаснуваме кои документи се потребни и што е важно да знаат. Постапката е едноставна – вели минстерот. Државата не добива средства од законот. Надоместоците одат во општината и се насочуваат за инфраструктура. Во Прилеп има околу 5000 дивоградби, главно индвивидуални градби, но има и 30 – 40 насто индустриски објекти.

Loading