ОКОЛИНАТА НА МЕТАЛЕЦ СТАНУВА ИНДУСТРИСКА ЗОНА

На “тацна” за бизнис првин 13, а после уште 10 парцели

Се очекува приватизацијата на земјиштето да слезе од 16 на шест евра за квадрат

“Се урбанизира просторот во околината на фабриката Металец за градба на индустриски капацитети. На бизнис секторот ќе им бидат ставни на располагање за купување за инвестициони зафати точно 23 парцели со различна површина од 1700 – 5000 квадрати”. Ова на членивите на управниот одбор на регионалната стопанска комора им го соопшти Илија Карески, раководител на секторот за урбанизам при локалната самоуправа. Точно 13 парцели ќе бидат пуштени за кусо време на тендер, штом ќе заврши процедурата за измена на корисничкото право – рече Карески. Станува збор за урбанизирано градежно земјиште со обезбедена инфраструктура, кое моментно го користи Металец.

Стопанствениците го поздавија потегот и побараа итна понуда за бизнис секторот и брзо отворање на процедура за формално-правна операционализација на овој градежен комплекс, а и на другите слични градежни земјишта на други локалитети. Во тој контекст, со новиот генерален урбанистчки план, кој ќе биде готов за два месеца, се проширува градежниот опфат за нови 500 хектари градежно земјиште или вкупно 2000 хектари за разни намени, главно за градба на сопански објекти за мали и средни претпријатија. Извршниот директор Ристо Најдоски информира дека наишол на разбирање кај министерот за финансии Зоран Ставревски со предлогот приватизацијата на земјиштето на стопанските капацитети да се врши по цена од пет до седум евра за метар квадратен. Ставревски оценил дека предлог е коректен. Се очекува владина верификација на ниво од шест евра. Со тоа ќе се реше горливиот пробелем на бизнис секторот со земјиштето во стопанските објекти и дворови. Плаќањето веднаш, а не на рати, носи дисконт од 35 проценти, тогаш, оценуваат стопанствениците, конечно е слушнат гласот на бизнис секторот и е најдено решение, соодветно на економската моќ. Моментно приватизацијата се плаќа по 16 евра од квадрат. Крајниот рок за почеток на процесот е 2013 година. Бизнисмените го поканија вицепремиерот Ставревски на средба во Прилеп.

Прилеп токми емитување обврзници

Градоначалникот Марјан Ристески најави емитување на општински обврзници за финансирање на капитални инвестиции, кои, се претпоставува, ќе предизвикаат интерес кај бизнис секторот, банките и граѓаните. Укажа дека следењето на големите инвестиции од градски карактер може да се направи и хартии од вредност, односно со обврзници, кои локалните самоуправи можат да ги емитуваат според најновите законски прописи. Буџетот и донациите засега се единствен извор за финансирање на крупните општински зафати.

Loading