РОДЕНДЕНСКИ СЛАВЈА КАЈ ШНАЈДЕРКИТЕ

Две текстилни фирми мината недела прославија родендени. Првата текстилна компанија “Кули”, кој одбележа 20 години постоење. Работејќи во сопствен производствен погон по европски стандарди, компанијата има тенденција за двојно зголемување на работниците. Славеше и конфекцијата “Васидора”, чиј сопственик е Грк. Десет години таа создава унукатни женски креации. Родендените се прославија со забави. Јубилеите потврдија дека овие две текстилни компании се имуни на светските економски кризи и удари. Неколку илјади прилепчанки леб дома носат од грижливата работа над машините за шиење.

Loading