Предмет: Известување.
Во новиот централен одбор на Либерално демократската партија, доверба им беше укажана и на двајца прилепчни. Делегатите на ЛДП на четвртото собрание во Скопје ги избраа Пеце Димоски и Бранко Хронески. Лидерот Јован Манасиевски ја промовираше новата изборна платформа “Има излез”, чие мото е “Меѓу змијата и магарето”, односно ниту црно, ниту бело, туку нешто помеѓу, каде што се позиционира ЛДП. Првиот човек на партијата најави дека нема да влегува во предизборна коалиција со ниедна партија.