ПАКЕТИ ЗА ЗГРИЖУВАЧКИТЕ СЕМЕЈСТВА

Со донација на невладина организација, Центарот за социјални работи додели пакети за 30 семејства кои згрижуваат деца со посебни потреби. Со договор со НВО – ФИЦЕ, набавени се продукти и поделени на згрижувачите. Пакетите содржат 15 килограми средства за хигиена, масло, шеќер, ориз, ресани и производи важни за децата – памперси, влажни салфети, прашак… Триесетина семејства со 60 згрижени деца без родители добија уште една поддршка, покрај надоместокот од 7620 денари, плус 800 денари додаток за секое дете. Ако детето е со посебни потреби, семејствата добиваат плус 4269 денари. Децата и семејствата се посетуваат од логопед, физиотерапевт и дефектолог – вели Снежана Јованоска, директорка на Центарот за социјални работи од Прилеп.

Loading