КАРОЛИНА ГО ЧЕСТИТА ОСМИ МАРТ СО “ДЕСПИНА”

Со кекси “Деспина” и со црвена роза, Витаминка и поп-пејачката Каролина Гочева им го честитаа 8 – ми Март на жените во Скопје. Витаминка го прослави Меѓународниот ден на жената на малку невообичаен начин, изненадувајќи ги минувачите на плоштадот со присуството на своето заштитно лице Каролина. На видно место беше поставен и “феисот” на Каролина со фотографијата од календарот на Витаминка, каде таа во раката држи кекс “Деспина”. Ова е интересен начин за забава на понежниот пол за празникот. Покрај интересната фотографија, секоја од жените минувачи уживаше во вкусот на кексот. Не се потребни луксузни подароци, туку доволно е да се измами насмевка на лицата на многу жени – изјави Каролина.

Loading