ВТОРА ПУМПА НА САЛИДА

Фирмата позната со реномирана бензинска пумпа Салида, со ресторан и мотел, како и преку товарниот превоз на стоки, ја стави во употреба втората нова бензинска пумпа во близина на Економскиот факултет. Покрај точење на сите видови бензини, нафта и гас, модерниот објект располага со кафетерија и мал маркет со прехрамбени стоки. На возачите, кои ќе точат гориво, ќе им биде понудено и бесплатно перење на автомобилот на автоматска машина. За скоро време, услугите на пумпата ќе бидат збогатени со сместувачки капацитет и ресторан.

Loading