ДЕРМЕНЏИЕВ ПРВ ЧОВЕК НА ТУТУНСКИ

Информатичарот од Скопје Александар Дерменџиев и официјално стана директор на Тутунскиот комбинат. Бордот на директори е засилен и со адвокатот Лазар Трајчев од Скопје, кој е избран за неизвршен директор. Смената на раководниот тим дојде во време на откупната кампања на тутун. Акционерите велат дека на собранието не добиле информација за финансиската состојба. Само го потврдиле разрешувањето на претходниот директор Жарко Христоски и именувало нови директори. Очекуваат за Комбинатот да се најде стратешки партнер и ќе биде продаден. Дерменџиев ќе има полни раце работа. Фотелјата нема да му биде лесна, оти пред него претстои консолидација и стабилизација на фирмата за подготвка за продажба. Тутунскиот комбинат е фирма со над 72 отсто држвен капитал, во која работат околу 1200 работници.

Loading