ПОМАСОВНИ ДАРОВИ ЗА “ОЧИ” НА БИНАС

ПОМАСОВНИ ДАРОВИ ЗА “ОЧИ” НА БИНАС

Поголема сума пари се слеа на сметката за донации на Зенит за поддршка за малата наша слепа сограѓанка Бинас, на 17 месеци, да добие шанса да прогледа со операција во Истамбул. Хуманоста расте во желбата Бинас да се опули и да му се придружи на братот, близнак, Тахир во детската игра. Ќе успееме да ја испратиме на операција за светлината. Постепено собираме две илјади евра, од потребните десет илјади, од кои остатокот ќе го плати државата. Слепилото í е последица од предвремено раѓање и инкубаторот. Не í се насмеа среќата да биде оперирана како нејзинот брат да го види сонцето. Ги повикуваме сите хумани луѓе да го извадиме невиното дете од темнината, зашто и во него тлее живот и мечта за детска радост.

Сметката за донации е 200002275965312 во Стопанска банка – Скопје. Ќе ја контролираат читателите, со тоа што секој петок ќе ги објавуваме пристигнатите донации. Кога ќе се соберат околу 120 илјади денари, средствата ќе се насочат во Фондот за здравство, од каде комплетната сума ќе се плати за интервенција на Бинас во Истамбул. За деталите контактирајте ја редакцијата на Зенит на телефон 048 550 140.


Loading