КАРАЏОСКИ ПАК ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПОДЕМ

Општинската организација на ПОДЕМ одржа Трето годишно собрание со 80 делегати. Претседателот на партијата д-р Живко Јанкуловски истакна дека партијата етаблираше мрежа со околу 50 организации со над 15000 членови и со комплетна инфраструктура.     Дадовме придонес во изградувањето на став за името, проблемите со земјоделците, пред се тутунот. Единствената партија сме која застана зад тутунарите, земјоделците, образованието, социјалната структура, економијата – изјави Јанкуловски. Според него, приоритет е сегашноста и иднината, а не минатото. Ги ставаме на располагање сите наши интелектуални и научни капацитети, да создадеме економски динамизам за намалување на сиромаштијата и невработеноста. Очекуваме 5-7 пратенички места на предвремените парламентарни избори – рече тој. Д-р Владимир Караџоски е повторно избран за претседател. ПОДЕМ има нови простории на улица “Кузман Јосифоски -Питу”.

Loading